Телото почнува да се менува
само тогаш кога умот ќе започне да делува
Биди дел од единствената психо-фит група и приклучи се на најкомплетните фитнес програми.
Резервирај место веднаш и добиј 10% попуст!
Пријавување: 17.10 – 23.10.2022
Официјален старт: 24.10.2022
Што добиваш?
Тренинзи за дома
- ЦЕЛИ тренинзи за дома со водич за правилно изведување на вежбите (5 тренинга по 30 минути)
- Дополнителни кратки мотивациони видеа од мене пред почеток на тренингот
- Вежби прилагодени за почетници и напредни вежбачи
- Тренинзи во 2 нивоа (од полесно кон потешко)
План за исхрана
- Мени со многу здрави, брзи и лесни рецепти за припремање
- Традиционални рецепти што ќе можеш да ги вклопиш во менито
- Видео водич со мене за пазарење (Пазариме заедно и одбираме намирници) +шопинг листа
- Целосен прирачник за исхрана и едукација
- Планови за исхрана со табели прилагодени на твоите калориски потреби
- Прилагодување со вегетаријанска опција
Mindset
- Психолошки видео лекции и мини вежби за ментален прогрес
- LIVE дружби и обработка на психолошки теми во заедничката група (мотивација, навики,цели, дисциплина,исхрана, тренинг,анксиозност, слика за себе)
- Грижа за хидратација, сон, нега и време за себе
- Live прашања и одговори заедно со мене
Community
- Линк до групата на facebook за секојдневна поддршка
- Неверојатна енергија за мотивација низ тек на цела програма и после тоа
- Награди за најдобрите
- 24/7 поддршка од целиот тим
Резервирај место и придружи ни се!
Биди дел од единствената психо-фит група и приклучи се на најкомплетните фитнес програми.
Пријавување: 17.10 – 23.10.2022
Официјален старт: 24.10.2022
Често поставувани прашања
1. Како да знам дека оваа програма е за мене ?
Ако си спремна да се впуштиш во една поразлична авантура и сакаш да направиш “сериозни” промени во твојот физички изглед и ментален прогрес, тогаш оваа програма е за тебе. Let’s do this!
2. Што е различно од претходната SomaFit Strong програма?
Во претходната програма вежбаа 15 различни девојки и траеше 3 месеци. Имавме одлични резулати и после таа програма направив уште една понапредна, што трае пократко но дава и поголеми резулати. Има многу повеќе едукација, нови рецепти и многу поинтересни тренинзи.
3. Дали можам да ја купам програма ако не живеам во Македонија?
Да! Програмата можеш да ја купиш од било каде во светот, преку плаќање со картичка како и се друго.
4. Дали во програмите ќе има вегетаријанска опција за мени?
За разлика од претходните програми овој пат направивив скроз различен пристап во однос на храната, не е класично мени и “персонализиран” план затоа што кога ќе видите во фитнес програма персонализиран обично се мисли на “автоматизиран” па затоа би го исфрлила тој термин. Сакам овие програми да бидат достапни за сите вас, затоа и одлулив да направам цел прирачник со рецепти (веган, вегетаријански, gluten free), едукација околу исхраната и се разбира различни мениа со различни калориски пресметани вредности според кои ќе ги бирате вашите оброци.
5. Дали оваа програма е само за дома?
Да, заради тоа што ќе имаме достапни две програми за теретана, оваа програма ќе биде само за дома.
6. Дали се вклучени суплементи во оваа програма?
Ќе имате можност да прочитате многу текст во однос на суплементите и во рецептите во кои што постои опција тоа да се вклучи ќе биде нагласено. Во однос на индивудално користење на суплементи, можноста да се консултирате со мене во било кое време е најдобра според мене, па заедно ќе одлулчиме дали тоа е потребнно или не.
7. Што ако сакам да ослабам? Дали треба да ги правам истите вежби?
Тренинзите и за слабеење и за накачување на мускулна маса се исти. Не постои посебна програма за слабеење, затоа што во процесот на слабеење ни е многу важно да зачуваме што можеме повеќе мускул за да не добиеме “кашест” изглед. Она што се разликува е внесот на храна, и кардио тренинзите. Затоа има совети за кардио, дневни чекори и плус еден кардио тренинг за девојките што сакаат да намалат телесни масти.
Не треба прво да бидете на програма за намалување на телесни масти, па на програма за зголемување килажа. Тренинзите се доста интензивни и прилагодени без разлика што и да е твојата цел.
8. Колку време по завршување на програмата ќе ми биде достапна?
После тие 8 недели ќе има уште 8 недели гратис (2 месеци). Вкупно имаш пристап 4 месеци.